070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ХИПОГЛИКЕМИЈА

Хипогликемија или низок шеќер во крвта се јавува кога нивото на шеќер во крвта ќе падне под 65mg/dl (3,5 mmol/l).

 

Ваквата состојба обично се јавува како резултат на прекумерно дозирање со инсулин или со некои таблети за лечење на дијабет.

РАНИТЕ СИМПТОМИ НА НИЗОК ШЕЌЕР ВО КРВТА ВКЛУЧУВААТ:

  • Потење (речиси секогаш присутно) проверете дали се потите особено од задната страна на вратот;
  • Нервоза, тресење, слабост;
  • Екстремна глад и лесно гадење;
  • Вртоглавица и главоболка;
  • Заматен вид, срцебиење и општа вознемиреност.

АКО ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА ПРОДОЛЖИ ДА ПАЃА ПОД 40MG/DL (2,22 MMOL/L) ВАШЕТО ОДНЕСУВАЊЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ. СЕ ПОЈАВУВААТ СИМПТОМИ КАКО ШТО СЕ:

  • Неможност да се концентрирате;
  • Збунетост и раздразливост;
  • Неповрзано зборување;
  • Нестабилност кога стоите или одите;
  • Грчеви во мускулите;
  • Промени во личноста, како лутина или плачење.

Последици на тешка хипогликемија под 20mg/dl или (1,2 mmol/l) се: несвестица, кома или смрт.

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ ВО СЛУЧАЈ ДА ВИ ПАДНЕ ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА

  • Препознајте ги раните симптоми, можно е да ги немате секогаш истите симптоми, па затоа најдобро е со себе секогаш да ја имате листата на симптоми на низок шеќер во крвта која ви е наведена погоре во текстот и една копија за дома за членовите на вашата фамилија за да можат да проверат доколку ви се слоши во вашиот дом.
  • Ако поседувате апарат за мерење на шеќер во крвта, измерете го сами шеќерот во вашата крв доколку мислите дека паднал на ниско ниво.
  • Изедете храна која брзо го качува шеќерот во крвта.

Било кој од овие хранливи производи внесени во подолу опишаната количина ќе го покачи шеќерот во вашата крв околу 1.7 mmol/l за околу 15-20 минути.

Течната храна побрзо ќе го качи шеќерот во крвта од цврстата храна:

 

  • Шеќер за готвење една супена лажица;
  • Овошен сок 150 мл;
  • Млеко со ниска масленост 250мл;
  • Мед една супена лажица;
  • Џем две супени лажици.

  • Почекајте 10-15 минути откако сте изеле храна за брзо качување на шеќерот и ако е можно измерете го шеќерот во крвта повторно. Ако и понатаму е под 65mg/dl изедете уште една доза од храната и изедете нешто што содржи протеини за подолготраен ефект.
  • Ако шеќерот во крвта и понатаму ви е под 65mg/dl и станувате се повеќе сонливи веднаш побарајте итна медицинска помош и по можност некој да остане покрај вас додека пристигнат медицинските служби.
Verified by MonsterInsights