070 367 252

ОРДИНАЦИЈА

070 243 958

ЛАБОРАТОРИЈА

Facebook

Instagram

Search
 

ДИЈАБЕТЕС

На глобално ниво, според СЗО, околу 9% од популацијата над 25 години има покачени нивоа на шеќер во крвта од кои околу 90% го поседуваат дијабет тип 2. Неговата инциденца рапидно се зголемува, а се проценува дека оваа бројка до 2030 Ќе се удвои. Еве неколку препораки кои даваат огромни здравствени придобивки и поквалитетен животен век.

ШТО Е ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ?

Шеќерната болест е хронично (трајно) заболување кое се карактеризира со високи новоа на гликоза во крвта, како резултат на недоволна синтеза на инсулин (хормон кој се синтетизира во панкреас) или несоодветен одговор на присутниот инсулин во крвта. Гликозата е шеќер и е всушност главниот извор на енергија во телото. Инсулинот е хормон кој му помага на телото да ја користи енергијата од шеќерот, скробот и други типови на храна, бидејќи телото не може да функционира соодветно без енергија. Нормалното ниво на гликоза во крвта кај личности без шеќерна болест пред јадење е помеѓу 4.0 и 6,5 ммол/л и обично не се покачува значително после јадење.

ПОСТОЈАТ ТРИ ТИПА НА ДИЈАБЕТ

  1. ДИЈАБЕТ ТИП 1 ( може да се јави во било која возраст, но најчесто е дијагностициран кај мали деца или адолесценти. Кај овој тип на заболување организмот синтетизира многу мала количина или воопшто не синтетизира инсулин);
  2. ДИЈАБЕТ ТИП 2 ( најчесто се јавува кај постари лица, лица во средни години, а во последно време и деца како резултат на зголеменит тренд на покачена телесна тежина кај младите);
  3. ГЕСТАЦИСКА ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ  ( покачени нивоа на шеќер во крвта на бремени жени како резултат на блокирањето на активноста на инсулинот од страна на покаченото ниво на женски хормони во крвта, која обично исчезнува по раѓањето на плодот).

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ШЕЌЕРНАТА БОЛЕСТ?

  • Често мокрење;
  • Губење на телесната тежина;
  • Зголемен апетит;
  • Жед;
  • Замор;
  • Заматен вид;
  • Летаргија;

ТРЕТМАН

Во третманот на дијабетесот спаѓаат чаевите:

 

  • Нане (Mentha piperita);
  • Мајска снегулка (Filipendula ulmaria);
  • Камилица (Matricaria recutita);
  • Маточина (Melissa officinalli).

 

Во третманот на шеќерна болест се вклучени медикаменти, диетески препораки и физичка активност кои овозможуваат одржување на гликозата во прифатливи граници, превенирање на симптомите и компликации на заболувањето. Еден од најбитните фактори кога се справувате со шеќерна болест е контрола на исхраната

СОВЕТИ ЗА ИСХРАНА НА ЛИЦА СО ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ

  • Намалете го внесот на шеќер во исхраната;
  • Намалете ја телесната тежина;
  • Јадете храна со целулозни влакна;
  • Намалете го внесот на масти и сол во исхраната;
  • Јадeте редовно, но мали оброци;
  • Намалете го внесот на алкохол;
  • Внесувајте постојано ист број на калории, бидејќи варирањето на внесот на калории во крвта може да влијае на нивото на гликоза во крвата.

 

Кај пациентите со дијабет тип 2 се цели кон регулирање на телесната тежина, бидејЌи најголем број од пациентите со ова заболување имаат покачена телесна тежина.

ПЛАН ЗА ИСХРАНА

Еден од најголемите предизвици во менаџирањето на дијабетот како заболување е планирањето на оброците. Планот за исхрана треба да ја овозможи соодветната количина на калории за одржување на здрава телесна тежина. Во колку се соочувате со ова заболување не значи дека комплетно треба да се откажете од храната, но секако да ги промените рутинските навики во хранењето. Соодветно и редовно мониторирање на нивото на шеќер во крвта дома или во соодветна институција ќе ви помогне да научите како одредени типови на храна влијаат врз нивото на шеќер во крвта.

ГЕНЕРАЛНИ ПРЕПОРАКИ ЗА НАЧИНОТ НА ИСХРАНА

ЗЕЛЕНЧУК

 

Изберете свеж или замрзнат зеленчук без додавање на сосови, масти или сол. Во исхраната посебно треба да се практикува зеленчук со темно зелена и портокалова боја како брокула, спанаќ, марула, морков, пиперка. Оваа храна е богата со витамин, минерали, влакна и здрави јагленохидрати.

 

ОВОШЈЕ

 

Од овошјето најпрепорачливо е да се конзумираат портокали, грејпфрут и мандарини. Пијте овошни сокови во кои не се додадени засладувачи.

 

МЛЕКО

 

Конзумирајте млеко со ниска масленост или обезмастено млеко или јогурт. Јогуртот содржи природен шеќер во себе, но исто така може да содржи додаден шеќер или вештачки засладувач. Јогуртот со ваштачки засладувач има помалку калории од јогуртот со додаток на шеќер.

 

МЕСО И РИБА

 

Почесто практикувајте риба или живина во исхраната. Конзумирајте пилешко и мисиркино месо без кожа. Поретко во исхраната може да се вклучи и говедско, телешко или дивеч. Начинот на приготвување на храната треба да биде на скара, печена или варена наместо пржена.

 

МАСТИ, АЛКОХОЛ, СЛАТКИ

 

Треба да се ограничи внесот на масна храна, особено онаа храна богата со заситени масти, како хамбургер, масно сирење, сланина и путер. Избегнувајте алкохол. Слатките работи се богати со масти и шеќери и затоа обидете се да ги конзумирате во што помали количини.

 

Лицата со шеќерна болест освен што треба да внимаваат на исхраната посебно внимание треба да обрнат и на хигена на забите, нега на стапалата, грижа за очите и секојдневна физичка активност.

 

Основна цел на третманот е оддржување на нивото на гликоза во крвта во прифатливи граници кое води кон помал ризик од развој на компликации, како кардиоваскуларни заболувања, намален вид и оштетување на нервите со што се подобрува квалитетот на животот на пациентите со ова заболување.

Verified by MonsterInsights